Папата Франциско предупредува на ескалирање на тензиите со Северна Кореја


Рим, 30 април 2017 (МИА) - Папата Франциско предупреди дека „голем дел од човештвото“ ќе биде уништено доколку ескалираат тензиите со Северна Кореја, додавајќи дека ОН треба да преземат лидерство за пронаоѓање решение.
На прашањето што би му кажал на американскиот претседател Доналд Трамп, кој испратил носач на авиони во близина на Корејскиот полуостров, како и на другите лидери, тој истакнал дека од нив би побарал да користат дипломатија и преговори „бидејќи станува збор за иднината на човештвото“.
- Денес војна од пошироки размери би уништила голем дел од човештвото и културата. Се. Би било страшно. Сметам дека денешното човештво тоа не би можело да го издржи, истакна поглаварот на Римокатоличката црква.
Папата Франциско, исто така, нагласи дека некоја трета земја, како на пример Норвешка, би можела да посредува меѓу Северна Кореја и САД, оценувајќи дека ситуацијата е „премногу зовриена“ и на светот му се заканува катастрофална војна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...