Трамп: Верувам дека кинескиот претседател врши притисок врз Северна Кореја

Вашингтон, 30 април 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти кинескиот колега Си Џинпинг врши притисок врз Северна Кореја поради нејзината ракетна и нуклеарна програма.
Трамп во интервју за Си-Би-Ес, кое ќе биде денеска емитувано, истакна дека тој ни би бил среќен, како ни Џинпинг, кога Северна Кореја би извршила нуклеарна проба.
На прашањето дали тоа значи преземање воена акција, американскиот претседател одговорил: „Не знам. Ќе видиме“.
Јужнокорејската морнарица вчера соопшти дека започнала заедничка воена вежба со американската флота, во која учествува и супер-носачот на авиони „Карл Винсон“, кој САД го испратија во регионот по зголемените закани од севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон побара во Советот за безбедност на ОН воведување на нови санкции против Пјонгјанг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...