Челси Менинг следната недела излегува од затвор, сака да им помага на другите

Вашингтон, 10 мај 2017 (МИА) - Челси Менинг го издаде своето прво соопштение откако беше осудена на затворска казна во траење од 35 години заради објавување на доверливи податоци, во кое наведува дека сака да им помага на другите откако следната недела ќе излезе од затвор.
Челси Менинг (29), трансродна личност во американската војска, одлежа речиси седум години во воениот затвор Форт Левенворт, откако беше осудена затоа што објави над 700.000 доверливи податоци на Викиликс, видео снимки, дипломатски преписки и извештаи од борбените полиња, што беше најголема објава на такви податоци во историјата на САД.
Нејзиниот случај се најде во фокусот на дебатата за таинственоста на владата и беше причина за собирање на приврзаниците на граѓанските слободи, кои казната ја видоа како престрога и како начин „шепкачите“ да се застрашат од натамошно откривање на владините тајни.
-По првпат можам да ја видам својата иднина како Челси. Можам да замислам, да преживеам, и да живеам како лице какво всушност сум во надворешниот свет, рече Менинг во соопштението кое го издаде Американската унија за граѓански слободи.
Менинг додава дека се надева дека ќе ги усвои лекциите што ги научи, љубовта која ја прими и се надева дека ќе работи на тоа животот на другите да им го направи подобар.
Белата куќа соопшти дека нејзината казна ќе биде укината на 17 мај.
Обама во јануари ја помилува Менинг, изјавувајќи дека таа ја презела одговорноста за своите злосторства, а дека казната е преголема во споредба со другите кои се осудени за слична дела, наведуваат британските медиуми.
Републиканците ова помилување го опишаа како опасен преседан.
Менинг е родена какако маж, а на јавноста првично и беше позната како војник од прва класа на американската војска, Бредли Менинг. По судењето за шпионажа таа првпат се изјасни како жена.
Менинг претходно изјави дека доверливите информации ги објавила заради транспарентноста и одговорноста.
Двапати досега се обидувала да се убие и тешко се носела со статусот на трансродна личност во воениот затвор за мажи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...