Доналд Трамп тврди дека тој не е под истрага

Вашингтон,12 мај 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој не е под истрага, повикувајќи се на признанието што му го дал сега веќе сменетиот директор на ФБИ, Џејмс Коми.

Во интервју за Ен-Би-Си, прво по сменувањето на Коми, претседателот Трамп откри дека за тоа директно го прашал директорот, при една нивна средба.<
BR>- Го прашав директно- дали тоа и јас сум под истрага, на што тој (Коми) ми одговори- не, не сте господине преседателе, објасни Трамп во интервјуто.

Станува збор за истрагата на ФБИ за сомневањата околу руското мешање во американските претседателски избори и за можните врски на луѓето од тимот на Трамп со Русија и со руски функционери, меѓу кои и лица означени како разузнавачи, во текот на предизборната кампања, минатата година.
В
о интервјуто, Трамп ја нарекува целата истрага „шарада“, но демантира дека сака таа да биде запрена.

Според американскиот претседател, истрагата треба да продлжи, за да се види дали навистина имало руско мешање, или од некоја друга држава, за да тоа повеќе никогаш не се случи.

Редакцијата на Ен-Би-Си меѓутоа тврди дека означувањето на истрагата како „шарада“ е сосема спротивно од изјавата на актуелниот директор на ФБИ, Ендрју Мекејб кој во првото соочување во Сенатот ја бранел истрагата и најавил дека таа ќе продолжи.

Извор од ФБИ, кој оваа телевизија го означува само како близок до Коми, рекол дека не е точно тврдењето на претседателот оти доскорешниот директор му рекол на Трамп оти тој не е под истрага.

Американските медиуми кои сменувањето на Коми го означуваат како „попречување на отворената истрага“ мешање на извршната власт во истражниот процес и се почесто ја споредуваат со аферата „Вотергејт“ која заврши со оставка на Ричард Никсон, објавуваат дека во интервјуто за Ен-Би-Си претседателот Трамп изнел и неколку други контрадикторности.

Претседателот сега целосно ги дисквалификува Коми како некаков „шоумен“ или како „забавувач“ иако претходно сменувањето го оправда со тоа што директорот на ФБИ „не ја вршел својата работа како што треба“.

Трамп тврдеше дека Коми ја загубил довербата на своите соработници и на целото Биро, но неговиот наследник Мекејб сега тврди дека доскорешниот директор го имал зад себе целиот тим на ФБИ.

Претходно Белата куќа објави оти Коми бил сменет по препорака на држаниот обвинител Џеф Сешенс и неговиот заменик Род Розенстајн, но за Ен-Би-Си, претседателот Трамп призна дека одлуката за сменување ја донел сам и дека тоа ќе се случело без разлика каква би била препораката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...