Јапонија презема вонредни мерки против глобалниот кибер напад

Токио, 15 мај 2017 (МИА) - По глобалната закана од хакерскиот напад со компјутерски вирус, во Јапонија денеска беше отворен нов Центар за собирање информации во рамки на Кризниот штаб при Кабинетот на јапонскиот премиер Шинѕо Абе.
- Ги преземаме сите неопходни мерки како одговор на кибер нападот, изјави генералниот секретар на јапонската Влада, Јошихиде Суга.
Како што јави ТАСС, технолошкиот конгломерат „Хитачи", пак, денеска соопшти дека хакерите нападнале дел од нивните компјутери.
Компанијата информира дека презема заштитни мерки, за да го запре ширењето на вирусот.
Јапонската Агенција за кибер безбедност од своја страна ги предупреди корисниците да внимаваат на работата на интернет.
Во меѓу време властите ширум светот се обидуваат да ги откријат виновниците за големите кибер напади, што ја попречија работата на повеќе фабрики, болници, продавници и училишта.
Експерти за кибер безбедност наведоа дека вирусот зафатил над 200.000 корисници во повеќе од 150 земји.
Се стравува дека ширењето на вирусот може да предизвика нови непријатности денеска, кога луѓето ќе се вратат од нивните работни места.
Експертите очекуваат и нови верзии на вирусот, додавајќи дека засега не е позната висината на штетите предизвикани од петочните напади.
Во меѓу време, компанијата „Мајкрософт“ ја обвини американската Влада дека чува софтверски кодови кои можат да бидат користени од хакери.
Претседателот на „Мајкрософт“ Брад Смит го потврди заклучокот до кој веќе дојдоа многу истражувачи дека за последниот масоцен хакерски напад е користен инструмент создаден од американската Агенција за национална безбедност, што бил пуштен на интернет во април.
Смит исто така го покрена и прашањето за тоа како разузнавачките служби да постигнат баланс меѓу желбата да ги држат во тајност софтверските пропусти, да извршуваат шпионажа и да водат кибер војна и да ги споделуваат овие пропусти со технолошките компании со цел подобра безбедност на интернет.
- Овие напади се пример за тоа зошто криењето на пропустите од страна на владите е таков проблем, наведе Смит.
Тој истакна дека владите во светот би требало да ги сфатат овие напади како „повик за будење“ и да размислуваат за „штетите врз цивилното население, што произлегуваат од криењето на пропустите“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...