Напаѓачот од „Тајмс сквер“ боледува од психичко растројство

Њујорк, 19 мај 2017 (МИА) - Њујоршката полиција го уапси лицето кое синоќа влета со неговиот автомобил во група пешаци на плоштадот „Тајмс Сквер“ во центарот на Њујорк и при тоа загина еден тинејџер, а уште 23 лица се повредени.

Напаѓачот е 26-годишниот Ричард Рохас од Бронкс, кој за време на сослушувањето изнел бројни вознемирувачки факти.

Рохас првично навел дека слуша гласови и оти очекува дека ќе умре.

По апсењето тој е однесен во њујоршката полициска станица каде е тестиран за алкохол и дрога. Се утврдило дека тој нема алкохол во неговата крв, додека резултатите од тестот за дрога се уште се чекаат.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио истакна дека уапсеното лице е американски државјанин, кој е поранешен припадник на морнарицата на САД.

Американските власти соопштија дека Рохас минатата година е уапсен поради тоа што му се заканувал на нотар со нож, тврдејќи дека тој го украл неговиот идентитет.

Во таа прилика, тој пред американската полиција кажал оти верува дека го следат.

Њујоршката полиција го исклучи тероризмот како причина за нападот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...