Јеменските шиитски бунтовници изведоа неуспешен ракетен напад врз Ријад

Ријад, 20 мај 2017 (МИА) - Јеменските шиитски бунтовници Хути истрелале балистичка ракета кон саудискиот главен град Ријад, која била пресретната и уништена од противвоздушната одбрана на Саудиска Арабија.

Саудиската армија соопшти дека ракетата била уништена над ненаселено подрачје на 180 километри југозападно од Ријад и не предизвикала никакви материјлани штети.

Како одговор на обидот за ракетен напад врз Ријад, саудиските сили извршиле воздушен напад врз реонот од каде била лансирана ракетата, во близина на јеменскиот главен град Сана.

Обидот за ракетен напад бил извршен неколку часа пред почетокот на официјалната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Суадиска Арабија, кој утрово допатува во Ријад.

Саидиска Арабија ја предводи коалицијата на арапските држави од Персискиот Залив, која врши воздушни напади врз позициите на шиитските бунтовници во Јемен, за кои тврди дека се поддржани од Иран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...