Напаѓачот од Манчестер идентификуван како Салман Абеди

Мажот осомничен за синоќешниот самоубиствен бомбашки напад во Манчестер, е идентификуван како 23-годишниот Салман Абеди, објави ЦБС Њуз.

Абеди од претходно им бил познат на британските власти.
Полицијата на Манчестер претходно соопшти и дека е уапсен 23-годишен маж поврзан со бомбашкиот напад.

Одговорност за синоќешниот напад на концертот на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер, при што загинаа 22 лица, а десетици се повредени, денеска презеде групата Исламска држава (ИД).

Меѓутоа, американските разузнавачки служби соопштија дека не можат да потврдат дали постои поврзаност меѓу самоубиствениот напад во Манчестер и ИД.

- ИД презеде одговорност за нападот во Манчестер, но тие преземаат одговорност за секој напад. Уште не ја имаме потврдено поврзаноста, изјави директорот на американските разузнавачки служби Ден Коутс при сведочењето пред сенатскиот Комитет за вооружени сили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...