Зетот на претседателот Трамп под „специјална проверка“ на ФБИ

Вашингтон, 26 мај 2017 (МИА) - Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и советник во Белата куќа, Џаред Кушнер (36) се наоѓа под „специјална проверка“ на ФБИ, во рамките на отворената истрага за руските врски со изборната кампања на сегашниот претседател, јавува Ен-Би-Си.

Неименуван американски функционер, за оваа телевизиска компанија изјави дека истрагата што ја води ФБИ верува оти Кушнер „има значајни информации“ кои се важни за натамошниот тек од истражната постапка.

ФБИ ги испитува потенцијалните врски на тимот на Трамп со Русија и со руски функционери, во текот на неговата претседателска кампања во 2016 година.

Трамп ги отфрла сите обвинувања, за постоење на каков било таен дпоговор, меѓу неговата предизборна кампања и Русија.
- Интересирањето за Кушнер, не значи дека екипата што ја води истрагата го сомничи зетот на претседателот за сторено кривично дело, или дека има намера да покрене обвинување против него, рекол за Ен-Би-Си неименуваниот функционер.

Весникот „Вашингтон Пост“ од своја страна открива дека истрагата за руските врски, во случајот со Џаред Кушнер е насочена кон „целата серија средби“ на зетот на претседателот со рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кисљак и со еден банкар од Москва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...