Во Франција в недела втор круг од парламентарните избори

Париз, 16 јуни 2017 (МИА) – Во Франција в недела ќе биде одржан вториот круг од парламентарните избори на кои се очекува центристичката партија на новиот претседател Емануел Макрон да освои апсолутно мнозинство во парламентот.

Во првиот круг од изборите одржани на 11 јуни, Република напред, освои 32,32 отсто гласови, десничарите Републиканци 21,56 отсто, а екстремно десничарите од Национален фронт 13,20 отсто.

Левицата односно социјалистите кои беа претходно на власт, освои само 9,51 отсто гласови.
По вториот круг од изборите партијата на Макрон може да освои околу 400 од вкупно 577 пратенички места што е многу повеќе од 289 места колку се потребни за апсолутно мнозинство во парламентот.

Изборите на кои право на глас имаат околу 47 милиони Французи ќе се одржат со силни мерки за безбедност. Во целата држава се распоредени дополнителни 50.000 полицајци и жандарми. Во Франција на сила е вонредна состојба воведена во 2015 година по бранот терористички напади во кои имаше 239 жртви.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...