Седум лица исчезнаа при судир на американски разурнувач со трговски брод

Токио,17 јуни 2017 (МИА) - Американскиот разурнувач „Фицџералд“ се судрил со трговски брод, што пловел под филипинско знаме, блиску до јапонскиот брег.

Медиумите во Токио јавија дека, при инцидентот се повредени три лица, додека седуммина се водат како исчезнати.

Инцидентот се случил синоќа, во 02.30 часот по локално време, на отворено море, на 103 километри, југозападно од јапонскиот град Јокосука.

Според јапонската телевизија „НХК“, што емитувала снимки направени од хеликоптер, на американакиот воен брод, има сериозно оштетување, на едната страна.

Командата на бродот побарала помош од јапонската крајбрежна стража и јавила дека има повредени меѓу персоналот на разурнувачот.

Во „Фицџералд“ навлегла вода и делови од бродот биле поплавени, но тој на сопствен погон се движи кон пристаништето Јокосука.

Трговскиот брод нема поголеми оштетувања.

Јапонската крајбрежна стража трага по исчезнатите лица.

Засега е нејасно како се случил инцидентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...