Двајца команданти и 180 џихадисти од ИД убиени вои руски воздушни напади во Сирија

Москва, 18 јуни 2017 (МИА) - Двајца команданти од Исламска држава и 180 џихадисти кои се подготвувале да влезат во квартови на сирискиот град Дејр ал Зур, кои се под контрола на владините сили, се убиени на почетокот на јуни во воздушни напади на воено воздухопловните сили на Русија, соопшти вчера руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се појаснува дека на почетокот на јуни руските воени сили со помош на дронови спречиле подготовка на единици на ИД, кои се подготвувале да ја пробијат одбранбената линија на гарнизонот на владините сили, блокиран во градот.

- Како резултат на воздушните напади на 6 и 8 јуни, извршени од воено воздухопловните сили на Русија врз објекти на ИД беа ликвидирани теренските команданти Абу Омар ал Белжики и Абу Хасан ал Масри. Освен тоа беа убиени околу 180 борци и уништени 16 парчиња на автомобилска и оклопна техника, артилериски топ, четири контролни пунктови и магацин со оружје и муниција, се посочува во соопштението.

Опсадата на Дејр ал Зур трае од 2014 година. Источниот дел на градот е преземен од џихадисти, а западните и јужните региони, како и воениот аеродром, се под контрола на владините сили



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...