Први судири меѓу владините сили и арапско-курдската коалиција во Сирија

Дамаск, 19 јуни 2017 (МИА) - Првпат од почетокот на конфликтот во Сирија дојде до судири меѓу сириската армија и припадници на арапско-курдскиот бунтовничи блок Сириски демократски сили (СДФ), кои се поддржани од коалицијата предводена од САД, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Борбите започнале во сириската провинција Рака, во две села што се наоѓаат на речиси 40 километри од градот Рака, кратко време откако синоќа американски воен авион од меѓународната коалиција што се бори против Исламската држава (ИД), собори бомбардер од типот Су-22 на сириското Воено воздухопловство, при што исчезна пилотот.

- Воената авијација на меѓународната коалиција синоќа нанесе удар врз еден од нашите воени авиони во регионот Ресафа, во јужниот дел на Рака, додека тој ја исполнуваше мисиија против ИД, стои во соопштението на сириската војска.

САД потврдија дека американски воен авион синоќа соборил сириски бомбардер, што бомбардирал позициите на силите поддржан од меѓународната коалиција.

Централната команда на САД наведе во соопштение дека сирискиот воен авион бил соборен при „колективна самоодбрана на војската на коалицијата и нејзините партнери“ од Сириските демократски сили.
- Прв пат се водат вистински борби меѓу војската на режимот и арапско-курдските сили во Сирија, изјави директорот на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, Рами Абдел Рахман.

Сириската војска вчера стигна до границите на зоните што се под контрола на силите поддржани од коалицијата предводена од САД во северниот и јужниот дел на Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...