„Њујорк тајмс“: Странска сила изведе агресивни кибер напади врз САД

Њујорк, 19 јуни 2017 (МИА) - Странска сила изведе агресивни кибер напади врз САД и на тој начин се вмеша во минатогодишните претседателски избори, оставајќи бројни знаци дека ќе се врати повторно, но американскиот претседател Доналд Трамп не обрна внамание, како тоа да не е ништо важно, пишува во уредничката статија на весникот „Њујорк тајмс“.

Ако не поради истрагата за евентуалните тајни врски меѓу штабот на Трамп и Русите или за тоа дали самиот Трамп ја прекршил правдата, тогаш поради индиферентноста, американскиот претседател ќе биде и понатаму вест на првата страница, предвидува весникот.

Засега нема докази дека нападите на хакерите врз серверите на демократите и врз изборните администрации во најмалку 39 земји, се одразиле на резултатите на изборите, но тоа е друго прашање, оценува весникот.

„Њујорк тајмс“ пишува дека уште поважно е тоа што Руси извршиле слични напади и врз многу други земји (споменати се Естонија, Украина, Полска, Германија, Франција и Бугарија) и тие стануваат се подобри во оваа дејност.

Тие шират лажни вести и други дезинформации, со цел да се вмешаат во изборите на други земји, како што направија во САД, напоменува весникот.

Дури и ако истрагата не покаже дека постоеле тајни врски меѓу штабот на Трамп и претставниците на Русија, одбивањето на американскиот претседател да ја признае вистината за „овој напад врз нашата демократија“ ги прави САД ранливи за уште слични напади во иднина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...