Анкара: САД ќе си го земат оружјето од сириските Курди, по победата над ИД

Анкара, 22 јуни 2017 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во писмо до неговиот турски колега Фикри Ишик уверува дека оружјето што САД им го доставија на борците на сириските Курди, ќе биде вратено назад, откако ќе биде добиена битката против групата Исламска држава (ИД), соопшти денеска турското Министерство за одбрана.
Во писмото, Матис уште посочува дека САД редовно секој месец ќе ги информираат турските власти, за тоа колку оружје им е дадено на групата Сили за заштита на народот на сириските Курди.
На почетокот на мај Вашингтон објави дека донел одлука да им доставува оружје на силите на сириските Курди за борба против ИД.
Анкара смета дека групата Сили за заштита на народот и нејзиното политичко крило, Партија на демократската унија (ДУП), се ограноци на Курдската работничка партија (ПКК) во Сирија. ПКК се наоѓа на листите на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...