Најмалку 12 загинати во Гватемала поради лизгање на земјиште

Гватемала Сити, 22 јуни 2017 (МИА) - Најмалку 12 лица загинаа во големото клизиште што се појави во Гватемала, откако еден 94 годишен човек почина во болница како последица на лизгањето на земјата со која и тој бил зафатен.
Најголем број од досега откриените жртви се патниците во еден мини-бус што се движел по еден планински пат, во моментот кога земјата почнало да се лизга, а возилото и десетемина патници биле „проголтани“ од клизиштето.
Лизгањето на земјата и на големата и густа маса кал, го предизвикаа обилните и долготрајни врнежи дожд, што најтешко ја погодија општината Сан Педро Солома.
Гватемала и тој дел од Централна Америка се наоѓаат во сезоната со обилни врнежи од дожд, која редовно трае меѓу април и ноември.
Минатата година, во сезоната на врнежи загинаа 15 лица.
Најголема несреќа во Гватемала, предизвикана од лизгање на земја и кал, се случи во октомври 2015 година, кога загинаа 280 лица.
Клизиштето што тогаш се создаде предизвика уривање на повеќе од 200 куќи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...