Ахунзада: Војната во Авганистан ќе заврши кога НАТО ќе замине од Авганистан

Кабул, 23 јуни 2017 (МИА) - Лидерот на авганистанските талибанци Маулви Хајбатула Ахунзада изјави дека планираното зголемување на американските војници во Авганистан нема да резултира со крај на војната и вети дека ќе се бори до целосно повлекување на војниците на НАТО од земјата.
- Ако мислите дека можете да ни ја скршите одлучноста со вашето воено присуство и испраќањето на дополнително војници, грешите. Американците треба да разберат дека продолжувањето на војната во Авганистан и интензивирањето на бомбардирањето никогаш нема да доведе до успех. Авганистанците не се народ кој се покорил пред некого, посочи Ахунзада.
Изјавата на Ахунзада беше вметната во порака што талибанците ја испраќаат секоја година пред муслиманскиот Рамазан Бајрам. Тој во порака повтори дека авганистанската Влада е премногу корумпирана и оти мора да си поднесе оставка.
Тој на крајот од пораката апелира до борците да внимаваат во нивните операции да не повредуваат цивили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...