Самоубиствени бомбашки напади во два бегалски кампа во Либан

Бејрут, 30 јуни 2017 (МИА) - Петмина бомбаши самоубијци се саморазнесоа денеска во два бегалски кампа во Либан, близина на границата со Сирија, при што се ранети се тројца либански војнци.

Бомбашите самоубијци ги активирале експлозивните направи поставени на нивните тела, за врема на рација на либанската армија.

Во соопштението на армијата се вели дека уште четворица војници се ранети, кога еден џихадист,сокриен меѓу бегалците, фрлил рачна бомба врз нив во обид да избега.

Рацијата била покрената за откривање на исламистички милитанти меѓу сириските бегалци, како и за пронаоѓање и одземање на скриено оружје.

Камповите се во реонот близу до градот Арсал, каде изминативе години по почетокот на сириската граѓанската војна, често има судири меѓу припадниците на либанската војска и сунитските исламистички милитанти.

Во камповите се сместени десетици илјади бегалци од војната во Сирија, која, според Бејрут, поттикна меѓуверски сидири и во самиот Либан.

Арсал е сунитска енклава, која од сите страни е обиколена од шиитски села.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...