Литл Рок, 1 јули 2017 (МИА) - Најмалку 17 лица се ранети во престрелка што се случила во еден ноќен клуб во Арканзас, соопшти локалната полиција.
Пукањето се случило во клуб во градот Литл Рок, а состојбата на едно од лицата кое било потешко повредено е стабилизирана.
„Полицијата истражува... има повеќе жртви, нема информации за осомничени“, објавено е на твитер налогот на полицијата на Литл Рок.
Во налогот се додава и дека се верува дека нападот не е поврзан со тероризам.