Нетанјаху во посета на Париз по повод 75-годишнината од масовните напади на Евреи

Париз, 16 јули 2017 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе престојува денеска во Париз по повод годишнина од масовните напади на Евреи во 1942 година во францускиот главен град и прв пат ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон.

Неговата посета на Франција за одбележување на 75-годишнината од апсењата, една од најмрачните епизоди во современата француска историја, предизвика критики дека француските евреи ќе бидат искористени како инструмент.

Францускиот еврејски сојуз за мир (УЈФП) изрази сомневање дека израелскиот лидер може да биде поканет за одбележување на годишнината од „злосторството против човештвото извршено од Французи против Французи“. Комунистичката партија исто така изрази протест, нагласувајќи дека Нетанјаху не е „носител на порака за мир“.

На 16 и 17 јули 1942 година француската полиција уапси во Париз над 13 илјади евреи, меѓу кои илјадници деца, чие приведување не било побарано од нацистите. Откако минале четири дена затворени во нечовечки услови, биле депортирани во Аушвиц, Од нив се вратиле помалку од сто.

По комеморативната церемонија изутрината Нертанјаху, кој не го посетил Париз од големиот марш против тероризмот по нападите врз списанието „Шарли ебдо“ и еврејската продавница во јануари 2015 година, ќе има средба со Емануел Макрон.

Елисејската палата посочи дека посетата на Нетанјаху има цел да потенцира колку е важба борбата против секаква форма на антисемитизам.

- За Нетанјаху тоа е можност да увиди какви се намерите на Франција за улогата, која сака да ја игра во однос на израелско-палестинското прашање, како и во однос на Иран, се вели во соопштението.

- Насоката во однос на израелско-палестинскиот конфликт се уште не е доволно јасна, нагласи експертот за палестинското прашање Жан Пол Шаноло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...