Москва и Вашингтон не постигнаа договор за рускиот имот во САД

Москва, 18 јули 2017 (МИА) - Русија го задржува правото да преземе соодветни мерки врз принципот на реципроцитет, доколку не биде решено прашањето околу одземениот руски дипломатски имот во САД, соопшти денеска руското Министерство за надвореѓни работи.

Како што јави ТАСС, во соопштението се посочува дека на синоќешната средба во Вашингтон меѓу американскиот помошник државен секретар Томас Шенон и рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков не бил постигнат договор за надминување на спорот околку дипломатскиот имот на Русија, што беше конфискуван од страна на властите на САД.

- Двете страни продолжуваат да бараат решение за натрупаните проблеми, вклучително и во врска со противзаконски одземениот недвижен имот во САД, кој е сопственост на Русија од страна на претходната Администрација на (американскиот претседател) Барак Обама, се доава во соопштението.

Според руското Министертсво, доколку Вашингтон „не отстапи од оваа и од другите постапки, вклучително и натамошното создавање пречки во работата на руските дипломатски мисии, врз основа на принципот на реципроцитет, руската држава го задржува правото да преземе соодветни мерки“.

Лани во декември американската Администрација прогласи за „персона нон грата“ 36 службеници во руските дипломатски мисии во Вашингтон и во Сан Франциско и конфискува две вили во сопственост на Русија во сојузните држави Њујорк и Мериленд, во кои им е забранет пристап на руските дипломати.

Речиси седум месеци по овој дипломатски инцидент, Москва се уште не презезе никакви мерки во одговор на одлуката на Вашингтон.
На синиќешната средба во Вашингтон Рјабков нагласил дека Русија е подговтена за обнова не редовниот дијалог со САД во врска со сите прашања поврзани со стратешката стабилност. - Сега е Вашингтон на потег, се нагласува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Потпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера изјави дека Русија се надева оти Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе покаже политичка мудрост и волја за решавање на проблемот со запленетиот руски дипломатски имот во САД.

Тој при, тоа ја повтори руската позиција дека дипломатскиот имот треба да и биде вратен на Русија без никакви предуслови, бидејќи постапката на Вашингтон „де факто и де јуре претставува апсолутно прекршување на меѓународното право“.

Претходно, Белата куќа соопшти дека американската Администрација би можела да го разгледа прашањето за деблокирање на рускиот дипломатски имот во САД доколку Москва „покаже чесни намери кон Сирија“.

Руски официјални претставници претходните денови изјавија дека во Москва се активни голем број американски шпиони кои се кријат зад дипломатскиот имунитет, па не е исклучено Русија да протера некој од нив.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова минатата недела изјави дека освен протерувањето на дел од службениците во Американската амбасада во Москва, Русија би можела да одземе и една вила и едно складиште во сопственост на САД, како реципрочна мерка на претходно преземените мерки од страна на Вашингтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...