Поради шумските пожари во Британска Колумбија продолжена вонредната состојба за уште 14 денови

Ванкувер, 20 јули 2017 (МИА) - Канадските власти во западната провинција Британска Колумбија синоќа донесоа одлука вонредната состојба да биде продолжена за уште две седмици поради 140-те шумски пожари, што предизвикаа евакуација на речиси 45.000 лица.
Премиерот на провинцијата Џон Хорган истакна дека евакуираните лица ќе добијат по 600 канадски долари од Владата (477 американски долари), со цел да ги подмират основните потреби во текот на наредните 14 денови, пред да можат да се вратат во нивните домови. За оваа цел е оформен владин фонд од 100 милиони канадски долари.
На 7 јули во Британска Колумбија беше прогласена вонредна состојба, првпат по 2003 година.
Силните ветрови ги разгореа пожарите предизвикани од молњи и човечки фактор, во централните и јужните подрачја на провинцијата, што беа опафатени од суша.
Предизвикани се големи материјални штети врз домовите и електричната мрежа.
Илјадници пожарникари се борат со огнената стихија, како и канадски воени авиони.
Вкупната површина на изгореното земјиште изнаесува 353.000 хектари, а штетата се проценува на повеќе од 105 милиони канадски долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...