Русија и помага на НАТО при позиционирањето во Вселената

Москва, 20 јули 2017 (МИА) - Според последната статистика, руската вселенска агенција Роскосмос во последните три децении учествувала во лансирањето на над 30 космички апарати, но и астронаути од 14 земји на НАТО, меѓу кои и САД, Велика Британија, Германија, Италија, но и Кина, Шведска, пишува „Свободнаја преса”.

Анализата на аналитичарот Антон Мардасов како прво и основно го поставува прашањето - зошто Русија им помага на НАТО членки и на Европската вселенска агенција (ЕСА) да го зајакнат своето присуство во Земјината Орбита?

Како пример, се земаат сателитот Астра-2Г, британските Инмарсат 5Ф2 и 5Ф3, американските Интелсат 31 и Eко-Стар 21. Една од задачите на Астра-2Г беше комуникациска тест врска на НАТО во Х- и Ка- дијапазон. Слична е ситуацијата и со другите сателити.

Некои аналитичари сметаат дека лансирањето на астронаутите од „туѓи воени блокови“, не е стратешки поволно за Русија.

Од друга страна пак, Мардасов вели дека токму благодарение на тие „вселенски услуги“ во последниве 30 години, руската космичка наука успеала да се одржи, како што посочуваат податоците.

- Логиката е проста: ако апаратите на земјите на НАТО не беа испратени во орбитата (од руската Роскосмос), тоа ќе го направеше друг „превозник”, добивајќи пари за услугата, заклучува експертот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...