Интерпол објави список на атентатори подготвени да нападнат во Европа

Интерпол лиферува список со 173 борци на Исламска држава, кои, според глобалната агенција за борба со криминалот, можно е да се обучени за извршување самоубиствени напади во Европа, како одмазда за воените порази на групата на Блискиот исток, пишува британскиот весник „Гардиан“.

Интерпол го создаде списокот врз основа на американски разузнавачки податоци, добиени во нападите на териториите на Исламска држава во Сирија и Ирак.

Европските агенции за борба со тероризмот стравуваат дека по распадот на таканаречениот калифат на Исламска држава ќе се зголеми ризикот од атентатори самоубијци, кои ќе се обидуваат да стигнат до Европа, веројатно дејствувајќи сами.

Лицата од списокот се опишани како „потенцијално обучени да создаваат и располагаат со рачно изработени бомби со цел да предизвикаат голем број ранети и убиени. Се смета дека може да патуваат во странство за учество во терористичка активност.

Во белешка, додадена на списокот, се подвлекува дека набележените лица покажале подготвеност да извршат самоубиствени напади за поддршка на исламот.

Списокот ги содржи имињата на осомничените, датумот на нивно врбување од Исламска држава, последната веројатна адреса (вклучувајќи ја и џамијата во која се молеле), моминското име на нивната мајка, и фотографии. Интерпол од своите национални партнери бара секаква информација со која тие располагаат за било кого од набележените лица од списокот, вклучувајќи ги и личните податоци, кои ќе бидат додадени кон информацијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...