Најмалку 26 загинати во самоубиствен напад во пакистанскиот град Лахоре (ДПЛ)Исламабад, 24 јули 2017 (МИА) - Најмалку 26 лица загинаа, а над 35 се повредени во денешниот самоубиствен напад извршен на пазар за овошје во пакистанскиот град Лахоре. Одговорноста за нападот ја презеде екстремистичката група Тарик-е-талибан. Според полицијата бомбашот-самоубиец со мотор пристигнал на пазарот и го активирал експлозивот во близина на полицијата, која обезбедувале уривање на зграда. Меѓу жртвите, најмалку 10 се полицајци.
|