На социјалните мрежи се појави видео со егзекуција на членови на ИД

Лондон, 25 јули 2017 (МИА) - На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео, кое прикажува 18 мажи во портокалови комбинезони, со покриени глави, кои клечат на земја и кои ги убиваат мажи во црни одела, пукајќи им во тилот, пишува „Дејли мејл“.

Весникот наведува дека е нејасно, кој издал наредба за нивна егзекуција, но се претпоставува дека се убиени борци од ИД.

На снимката се гледа дека убиените биле распореднеи во неколку редови, додека околу нив шетале нивните егзекутори, кои потоа кон нив истрелале повеќе куршуми од најверојатно полуавтоматско оружје.

Откако им пукале во тилот, егзекуторите пукале во нивните тела.

Се претпоставува дека оваа екзегузија се случила во Либија, имајќи предвид дека и претходно стигнувале вознемирувачки вести и снимки од таа земја, во која масовно им се одмаздуваат на терористите на ИД.

Ова видео се појави среде тензиите меѓу џихадистите и либиските сили во Бенгази, а откако Калифа Хафтар, поранешен војник во режимот на Моамер Гардафи, а сега командант на Либиската национална армија прогласи победа во тој град.

Видеото е со датум од 17 јули, што значи дека егзекуцијата се случила неколку дена откако портпаролката на ОН, Лиз Тросел ја повика Либиската национална армија, која го контролира истокот на земјата, да ја испита егзекуцијата на затвореници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...