Талибанците нападнаа воена база во АвганистанКандахар, 26 јули 2017 (МИА) - Талибанците нападнаа синоќа база на авганистанската армија крај јужниот град Кандахар, при што убија најмалку 26 војници, а ранија 13, соопшти денеска Министерството за одбрана. - Војниците храбро се одбранија и убија над 80 терористи, додаде портпаролот на Министерството, генерал, Даулат Вазири.
|