Рохани најави реципрочни мерки на американските санкции

Техеран, 26 јули 2017 (МИА) - Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека неговата земја ќе одговори на предлогот на американскиот Конгрес за воведување санкции за луѓето инволвирани во иранската нуклеарна програма.
Претставничкиот дом вчера го усвои предлогот и тој сега ќе биде проследен до Сенатот.

Рохани, на седница на Владата, што беше пренесувана на државната телевизија, изјави дека Иран ќе „преземе секаква акција што е неопходна за доброто и интересите на нашата земја“ и ќе покаже „реципрочна“ реакција на американскиот предлог.

Со американскиот предлог закон ќе се воведат задолжителни казни за луѓето кои се вмешани во иранската балистичка програма и кон сите луѓе кои имаат бизнис со нив. Оваа мерка, исто така, ќе значи воведување антитерористички санкции за елитната Револуционерна гарда и ембарго за оружје.

Демократите тврдат дека новите санкции ќе бидат во контрадикција со историскиот нуклеарен договор од 2015 година меѓу Иран и светските сили.

Заменик министерот за надворешни работи и висок ирански преговарач, Абас Арачи, изјави дека американските предлог санкции може да го „загрозат успешното реализирање“ на нуклеарниот договор и да ја намалат иранската корист од него.
- Доколку непријателот поништи дел од спогодбата и ние ќе поништиме дел од неа. Доколку тие го прекршат комплетниот договор и ние ќе го прекршиме комплетниот договор.

Ние ќе ги засилиме комплетните капацитети на нашето одбрамбено оружје, не посветувајќи внмимени што другите зборуваат, изјави Рохани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...