Пентагон со план за превентивни напади врз 20 објекти во Северна Кореја

Вашингтон, 10 август 2017 (МИА) – Министерството за одбрана на САД разработило план за извршување превентивни напади врз околу 20 воени објекти во Северна Кореја од бомбардери Б-1 Лансер, објави Ен-Би-Си.

Во американската военовоздухопловна база Андерсон на островот Гуам има шест стратешки бомбардери Б-1 Лансер. Од крајот на мај тие извршиле 11 тренинг летови. Последниот бил на 7 август.

Пентагон предвидува дека во евентуална таква операција ќе учествуваат дронови, воени авиони и разузнавачки авиони, наведува медиумот цитирајќи извори.

Цели ќе бидат објекти од каде може да бидат лансирани ракети, воени комплекси за истражување и логистички згради.

Според изворите, разузнавањето на САД располага со точни информации за распоредот на тие објкекти. Сето ова се случува во момент на крајно тензична ситуација на Корејскиот Полуостров.

Северна Кореја изврши неколку ракетни проби, а вербалната конфронтација меѓу режимот во Пјонгјанг и американскиот претседател ескалира изминатите два дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...