Трамп го испраќа зетот Џеред Кушнер на Блискиот исток

Вашингтон, 11 август 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп наскоро на Блискиот исток ќе ги испрати својот зет, Џеред Кушнер, и преговарачот, Џејсон Гринблат, за таму да се сретнат со регионалните лидери и да разговаат за „патот кон суштински израелско-палестински мировни преговори“, најави денеска претставник на Белата куќа.
-Иако регионалните разговори имаат значајна улога, претседателот потврдува дека за мирот меѓу Израелците и Палестинците може да се преговара само директно меѓу двете страни и дека САД ќе ја продолжат блиската соработка со страните за да се постигне напредок во тој правец, рече претставникот на Белата куќа, пренесуваат британските медиуми.
На Блискиот исток ќе биде испратена и заменичката на советникот за национална безбедност, Дина Пауел, а на тој пат предвидени се состаноци со лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Јордан, Египет, Израел и Палестинската управа, додаде претставникот на Белата куќа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...