Триесет деца починале од енцефалитис во болница во северна Индија

Њу Делхи, 11 август 2017 (МИА) - Во последните три дена во една болница во северната индиска држава Утар Прадеш од енцефалитис починале 30 деца, изјави денеска индискиот доктор Р. С. Шукла.
Тој ги негираше обвинувањата на локалните медиуми, според кои, причина за смртта на децата е недостиг на кислород, до кој наводно дошло бидејќи приватниот добавувач престанал да го испорачува кислородот заради неплатени болнички сметки, пренесоа британските медиуми.
Меѓу починатите деца има и бебиња, но и деца на 12 годишна возраст.
Шукла изјави дека барем десетина деца во болницата „МРД Медикал колеџ“ умреле заради енцефалитис, болест што предизвикува запаление на мозокот, додека останатите деца умреле заради „проблеми со испораките“, но не наведе дополнителни детали.
Истражните органи на оваа северна индиска држава отвориле истрага за овој случај, наведуваат британските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...