Во железничката несреќа во Египет загинаа најмалку 44 лица

Каиро, 11 август 2017 (МИА) - Во денешната железничка несреќа во Египет животот го загубиле најмалку 44 лица, пренесе ТАСС, повикувајќи се на порталот „Ал Јум ас Сабиа“.
Според официјални податоци, пак, лиферувани од Министерството за здравство, во несреќата има 37 жртви, а 123 лица се здобиле со повреди од различен вид и тежина.
Сите загинати и повредени се Египќани.
До железничката несреќа дошло во северен Египет. Патнички воз, што сообраќал од престолнината Каиро кон Александрија со голема брзина удрил во воз, што заради дефект, запрел во Порт Саид.
Според гувернерот на провинцијата Ал Искандерија (Александрија), Мохамед Султан, вината за несреќата лежи кај машиновозачот на првата железничка композиција, информира ТАСС. Машиновозачот не го запрел возот и покрај тоа што имало сигнализација за запирање на машината.
Има и податоци, меѓутоа, дека машиновозачот на првиот воз добил погрешен сигнал од диспечерите за запирање на возот.
Египетскиот железнички систем е во многу лоша состојба, има лоша поддршка и затоа има чести хаварии и настани со жртви и настрадани, забележаа американските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...