Во Гуам се делат летоци со упатства за реагирање при напад на Северна Кореја

Хонолулу, 12 август 2017 (МИА) - Жителите на американската територија Гуам, доколку биде издадено предупредување за напад треба брзо да се скријат во бетонски објект, по можност под земја и да останат таму се додека не добијат други инструкции.
Ова е наведено во летоците насловени „Подготовка за потенцијалната ракетна закана“, а кои се делат од Службата за цивилна заштита, со цел да им помогне на жителите да се подготват за евентуалниот напад од Северна Кореја.
Упатставата содржат совети за собирање пакет за итни случаи, за сместување во бетонски објекти или објекти од тули и напомена за задржување на присебноста.
- Не го гледајте сјајот или огнената топка, може да ве заслепат, се вели во летоците.
- Легнете хоризонтално на земја и покријте ја главата, е уште една препорака содржана во нив.
Тие исто така содржат инструкции за отстранување радиоактивен материјал. - Доколку имате можност искапете се со многу сапун и вода за да помогнете во остранување на радиактивното загадување. Не се чешајте, не ја тријте кожата и не користете шампон за коса, бидејќи тој ќе ги залепи радиоактивните материјали во вашата коса, напишано е на летокот.
Властите не го зголемија нивото на закана за Гуам и покрај тоа што Северна Кореја објави планови за напад во близина на островот следните недели, изјави гувернерот на Гуам, Еди Калво.
Тој додаде дека многу згради во Гуам се изградени за да издржат силен тајфун, но призна дека ништо не може да ги заштити од термонуклеарен напад
Претседателот на САД, Доналд Трамп разговараше со Калво по телефон и го увери дека Гуам не е во опасност.
- Ние сме со вас сто проценти. Вие не сте во опасност, рече Трамп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...