Протести во Сиетл против омразата и расизмот

Протести против омразата и расизмот синоќа беа организирани во Сиетл и другите градови во САД, по саботните насилства за време на маршот на расистите и неонацистите во Шарлотсвил, во сојузната држава Вирџинија, пренесоа американските медиуми.

Организаторите соопштија дека целта на протестите е да се осуди фашизмот, како и претседателството на Трамп, кое, според нив, ги оставило приврзениците на идејата за надмоќ на белата раса да се почувствуваат охрабрени.

- Луѓето треба да се пробудат и со потребната храброст да се кренат против ова зло, изјави Карл Дикс, лидер на организацијата „Отфрлање на фашизмот“, кое е организатор на протестите во Њујорк, Сан Франциско и други градови.
Во центарот на Сиетл се собраа десетици демонстранти и контрадемонстранти. Притоа дојде и до судири со силите на редот.

Полицијата во намера да ја растури толпата употреби бибер спрејови и шок гранати. приведени се неколку лица, од кои се одземени метални прачки.

Мирен протестен марш имаше и во Вашингтон, пренесе ТАСС. Неколку стотици лица се изјаснија против насилството, омразата и лабавиот однос на властите кон националистите. Некои од учесниците во раце држеа транспаренти со натпис „Трамп е еднакво на омраза“.
Во текот на денешниот ден планирани се протести и бдеења во Винтер Хевен и во Тампа, во државата Флорида, и други места. Во Денвер неколку стотици демонстранти се собраа пред статуата на Мартин Лутер Кинг во градскиот парк, од каде се упатија кон државното собрание. Во Форт Колинс, во државата Колорадо, учесниците во антирасистичкиот марш скандираа „Не на омразата и стравот“ и „Да ги натераме расистите повторно да се срамат“.

На други демонстрации, пак, беше побарано да се отстранат спомениците на конфедерацијата - проблем што е причината за судирите во Шарлотсвил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...