Филипинската полиција уби 32 лица во најновата рација против нарко-бандите

Манила,16 август 2017 (МИА) - Полицијата во Филипини, во текот на својата најнова рација против дрогата и нарко-бандите во земјата, има убиени 32 лица, соопштија денеска филипинските власти.
Операцијата била изведена во провинцијата Булакан, северно од главниот филипински град Манила и траела 24 часови, од вторникот на полноќ, до ноќеска во истото време.
Во соопштението се вели дека сите убиени и биле познати на полицијата како престапници и припадници на криминални банди поврзани со илегалната трговија со дрога.
За нив се веи дека биле вооружени и дека во текот на операцијата и се спротвставиле на полицијата. Во текот на рацијата, бие пронадени и запленети дрога и оружје.
Се верува дека досега, во вакви и слични операции во земјата, се убиени неколку илјади лица, откако претседателот на Филипини Родриго Дутерте, во 2016 година, ја покрена контроверзната „ војна против дрогата„.
Според медиумите во Манила, последната полициска операција во Булакан е „најкрвава“ досега и со најголем број убиени.
Кампањата на ретседателот Дутерте има за цел уништување на илегалната трговија со дрога, тоа предизвика остра реакција во меѓународната јавност, околу начинот на која се води и за големиот број убиени.
Дутерте кој порано долго време бил градоначалник во внатрешноста на земјата, има преземано такви операции против криминални банди, за кои е обвинуван дека сите биле на границата да бидат прогласени за нелегални и спротивни на законите.
Во последната операција од „војната со дрогата“ полицијата уапсила и над 100 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...