Британски институт: Нова корејска војна е реална можност

Лондон, 16 август 2017 (МИА) - Британскиот Институт за студии за безбедност и одбрана (РУСИ) ја предупреди Владата во Лондон дека „нова корејска војна сега е реална можност“ и апелира да отпочнат подготовки за евентуалниот судир меѓу САД и Северна Кореја.
Заменик генералниот директор на РУСИ (The Royal United Services Institute for Defence and Security Studies), Малколм Чалмерс истакна дека нова корејска воја е „реална можност“ делумно поради фактот дека Доналд Трамп е „хировит и импулсивен“.
- Ако почне војна, претседателот (Трамп) во рок од еден час телефонски ќе побара поддршка од Даунинг стрит 10. Тогаш британската премиерка ќе има само неколку часа да се изјасни за нешто што би било еден од најголемите стратешки шокови по Студената војна, истаклна Чалмерс.
Тој додава дека Велика Британија како близок сојузник на САД најверојатно ќе мора да пружи помош во судирот на Корејскиот Полуостров, каде во моментот се стационирани околу 35.000 американски војници.
- На Корејскиот Полуостров се создава опасна мешавена на севернокорејски технолошки напредок, неодамна е лансирана нова интерконтинентална ракета, како и хировитите и импулсивни карактеристики на Трамп, истакнува Чалмерс.
Според него најдобро сценарио би било Велика Британија да пружи дипломатска поддршка, со преговори со цел за сузбивање на ширењето на конфликтот и обезбедување САД и Кина „да бидат среќни“ со мировниот договор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...