Лавров: Москва е против економското задушување на Северна Кореја

Москва, 16 август 2017 (МИА) - Официјална Москва не ги поддржува повиците за задушување на севернокорејската економија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, додавајќи дека речиси се исцрпени сите опции за вршење економски притисок врз оваа земја.

- Исцрпени се потенцијалните мерки за вршење економски притисок врз Пјонгјанг, а Москва се противи на иницијативата што ја предложија некои партнери за економско задушување на Северна Кореја, изјави Лавров, пренесе руската агенција ТАСС.

Лавров, исто така, се осврна и врз ситуацијата во Венецуела, оценувајќи дека кризата во оваа земја е потребно да се реши по мирен пат и без надворешна интервенција.

Неговите коментари следат откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со можна воена интервенција во оваа јужноамериканска земја, заради што венецуелскиот претседател Николас Мадуро нареди оддржување воени вежби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...