Матис: Северна Кореја ќе се најде пред тешки воени последици доколку преземе воени дејствија

Вашингтон, 18 август 2017 (МИА) - Северна Кореја може да се исправи пред тешки воени последици доколку преземе воени дејствија, изјави американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, цитиран од француските медиуми.
- Во тесна соработка со нашите сојузници можам да кажам дека Северна Кореја ќе има тешки воени последици доколку преземе воени дејствија, рече Матис по средбата со својот јапонски колега во Вашингтон.

„Северна Кореја треба да ги прекине своите опасни активности“, нагласи Матис.

Американскот државен секретар, Рекс Тилерсон, уверува дека САД „безусловно“ ќе го почитуваат својот договор за одбрана со Јапонија, по итната средба со јапонските министри на надворешни работи и одбрана за нуклеарната и ракетна закана од Северна Кореја, пренесоа британските медиуми.

Тилерсон подвлече дека овој договор ги опфаќа и островите Сенкаку, што се предмет на територијален спор меѓу Јапонија и Кина.
- САД и Јапонија се против милитаризацијата на Јужно Кинеско Море, изјави Тилерсон, цитиран од ТАСС.

„САД и Јапонија се против секакви еднострани дејствија, кои ќе ја поткопаат Јапонија“, рече Тилерсон. Тој додаде дека територијалните спорови треба да се решаваат на мирен начин и да се зачува слободата на морепловството, во согласност со конвенциите на ОН.

Претходно Тилерсон ја повика Кина да ја прекине милитаризацијата на Јужно Кинеско Море.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...