Петмина повредени и 10 исчезнати морнари при судир на американски воен брод и танкер

Вашингтон, 21 август 2017 (МИА) - Десетмина морнари се водат како исчезнати, а петмина се повредени, откако денеска американски воен брод со судри со трговски брод источно од Сингапур, соопштија воено-поморските сили на САД, јави Би-Би-Си.
Четворица од петмината повредени биле веднаш префрлени со хеликоптер во болница во Сингапур, и се надвор од животна опасност.
Ракетниот разурнувач „Џон С. Мекејн“ се судрил со танкерот „Алник Ем Си“ на пат кон пристаништето на Сингапур. Според соопштението на ВМС „во моментот се спроведува спасувачка операција во координација со локалните власти“. Во акцијата учествуваат извлекувачи од Сингапур, воениот брод од флотата на Сингапур „Галант“, хеликоптери и полициски брод на сингапурската крајбрежна стража „Баскинг шарк“, но и хеликоптери Ем Ви „Оспри“ и Ес Ејч-60 „Си Хок“ од американскиот воен брод „Америка“.
Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на Твитер дека неговите мисли и молитви се со морнарите од американскиот воен брод.
Ова е втор инцидент со американски ракетни разурнувачи во азиските води за помалку од два месеца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...