Остин, 21 август 2017 (МИА) - Раководството на Универзетитот во Тексас одлучи да бидат отстранети од кампусот на образовната институција статуи на генерал Роберт Ли и други истакнати личности од времето на Конфедерацијата.
Образложението за таквата одлука, која е објавена синоќа од ректорот на Универзитетот Грег Фенвес, е дека статуите претставуваат „симбол на современата надмоќност на белата раса и неонацизмот“.
Во 2015 година Универзитетот го отстрани од своја територија споменикот на поранешниот претседател на Конфедерацијата, Џеферсон Дејвис. Сега иста одлука е донесена за статуите на генерал Ли, генерал Алберт Сидни Џонстон и министерот за поштите на Конфедерацијата, генерал Џон Х. Рејген.