НАТО ја поздрави стратегијата за Авганистан предложена од Трамп

Брисел, 22 август 2017 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да испрати дополнителни воени сили во Авганистан.
„НАТО останува во целост посветено на Авганистан и се радувам на разговорите со министерот за одбрана на САД Џејмс Матис и нашите сојузници и меѓународни партнери“, се наведува во соопштението потпишано од Столтенберг.
Тој истакна дека НАТо има 12.000 војници во Авганиста и оти 15 држави ветиле дека ќе испратат дополнителни сили.

Одлуката на Трамп денеска ја поздравија и авганистанските власти.
Претседателот на Авганистан Ашраф Гани оцени дека изјавата на Трамп укажува на „трајна посветеност на клучниот партнер на Авганистан во овој глобален конфликт“.
Претходно Трамп најави испраќање дополнителни американски војници во Авганистан и вети „борба до победа“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...