Трамп: Ако треба ќе ја затвориме Владата, но ќе го изградиме ѕидот кон Мексико

Феникс, 23 август 2017 (МИА) - Ако треба ќе ја затвориме Владата, но ќе го изградиме ѕидот на границата со Мексико, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на митингот во конгресниот центар во Феникс, во државата Аризона.
За време на неговиот говор пред центарот се собрале неколку илјади демонстранти кои полицијата ги растера со димни бомби и солзвац, откако тие почнале да фрлаат со камења и шишиња кон безбедносните сили. На протестот дошло до судир меѓу демонстранти и приврзаници на Трамп.
Градоначалникот на Феникс, Грег Стантон побарал од американскиот претседател да го одложи политичкиот митинг, со цел да се смири ситуацијата по случувањата во Шарлотсвил.
Трамп повторно ги нападна медиумите, додавајќи дека „е време да се откријат лагите на измамничките медиуми, чија улога е да поттикнуваат насилство“.
Во конгресниот центар не присуствуваа двајцата сенатори од Аризона - Џон Мекејн и Џеф Флејк. Гувернерот републиканец Даг Дјуси го пречека Трамп на аеродромот, но не се појави на митингот.
Ова е прва посета на Трамп во Аризона откако ја презеде претседателската функција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...