Катар ги обнови дипломатските односи со Иран

Доха, 25 август 2017 (МИА) - Катар ги обнови своите дипломатски односи со Иран и покрај силниот притисок од други четири арапски држави, кои бараат од властите во Доха да ги прекинат сите врски со Исламската Република.
Катарската влада во 2016 година го отповика својот амбасадор од Техеран, откако во Иран беа нападнати саудиските дипломатски мисии, како реакција на егзекуцијата на еден истакнат шиитски верски водач во Саудиска Арабија.
Доха сега сака зацврстување на билатералните односи со Техеран на, како што е речено, „сите полиња“.
Иран веќе му помага на Катар полесно да се справи со трговските и патните ограничувања кои во јуни годинава ги воведоа катарските моќни соседи - Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет.
Овие арапски, доминантно сунитски држави, го обвинуваат Катар за поддршка на разни терористички групи во регионот, како и за тоа дека е премногу близок со шиитски Иран.
Во соопштението на катарската влада не се наведува кога амбасадорот на Катар ќе се врати во Техеран, освен што се открива дека одлуката за обнива на односите меѓу Доха и Техеран била соопштена веднаш по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете соседни земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...