Стејт департмент: Најмалку 16 американски дипломати на Куба претрлеле оштетување на слухот

Вашингтон, 25 август 2017 (МИА) - Стејт департментот синоќа потврди дека најмалку 16 службеници на американската амбасада на Куба чувствуваат последици од таканаречениот „свучен напад“ и претрпеле сериозни оштетувања на слухот, пренесоа американските медиуми.
-Можеме да потврдиме дека најмалку 16 службеници на американската влада, членови на нашата амбасада, имаат некои симптоми, изјави портпаролката на Стејт дипартментот, Хедер Науерт.
Такви инциденти веќе не се случуваат, но САД не ја лоцираа направата што ги предизвикала симптомите кај вработените, нити ги идентификува одговорните, додаде таа.
Кон крајот на минатата године персоналот на американската амбасада и еден канадски државјанин почнаа да чуствуваат последици од нешто што државниот секретар, Рекс Тилерсон, го нарече „напад врз здравјето“.
Според американски официјални претставници, дипломатите биле изложени на некој вид акустично оружје во инцидент за кој Науерт рече дека е „без преседан“.
Детали за повредите не се објавени, но Си-Би-Ес њуз наведува дека најмалку едно лице претрпело „оштетување на мозокот“.
-Многу сериозно ја сфаќаме оваа ситуација, рече Науерт.
Некои од 16-те службеници се уште се наоѓаат на Куба, а некои се вратија во САД, рече таа и додаде дека кубанските власти соработуваат во истрагата за овој инцидент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...