Лидерот на воената хунта во Тајланд нареди засилување на контролата на границата

Бангкок, 25 август 2017 (МИА) - Лидерот на воената хунта во Тајланд, генерал Прајут Кан-оча, денеска нареди засилена контрола долж границите, откако поранешната премиерка Инглук Шинаватра не се појави во судот да ја слушне пресудата за предметот небрежност во служба, што се води против неа, пренесоа француските медиуми.
Според судиите на Врховниоит суд, таа им соопштила дека не може да се појави во судот поради здравствени проблеми.
Врховниот суд го одложи изрекувањето на пресудата за 27 септември.
Генерал Кан-оча пред новинарите изјави дека наредил засилување на контролата со цел да се зголеми безбедноста долж границите и во цела земја.
Властите немаат информации за местото каде во моментов се наоѓа поранешната премиерка и „не се знае дали навистина е болна“, рече министерот за одбрана, генерал Правит Вонгсуван, цитиран од ТАСС.
Тајландската полиција ги проверува податоците на весникот „Кхаосод“, што објави дека, според извори од опкружувањето на Инглук Шинаватра, таа преходниот ден со авион заминала за Сингапур.
Инглук Шинаватра не се смета за виновна во предметот поврзан со субвенции за оризопроизводителите. И се заканува казна од 10 години затвор. Според обвинението, државата претрпела штети во висина од 518 милијарди бати (14,8 милијарди долари).
Нејзиниот адвокат изјави дека не знае дали таа се уште е во Тајланд, откако не се појави во судот.
Шефот на тајландската имиграциска полиција, изјави дека нема податоци за тоа дека Инглук ја напуштила земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...