Рохани: Заканите на САД за Северна Кореја се „игра што е опасна за светот“

Техеран, 6 септември 2017 (МИА) - Претседателот на Иран Хасан Рохани изјави денеска дека заканите на САД ја поттикнале Северна Кореја да го тестира своето нуклеарно оружје, предупредувајќи дека американските закани се „игра што е опасна за светот“.
- Зошто Северна Кореја денес го избра патот што го загрижува народот во источниот дел на Азија? Поради заканите против егзистенцијата на Северна Кореја, нагласи Рохани при обраќањето кон членовите на кабинетот.
Рохани изрази уверување дека тоа прашање мора да се реши преку преговори и дијалог, оценувајќи дека американските претставници треба да го „намалат тонот“, односно да ја „ублажат својата реторика“.
- Пуштете ги. Не и се заканувајте толку на Северна Кореја и таа ќе се сврти кон својот живот и животот на својот народ, порача иранскиот претседател.
Тој, исто така запраша „дали смее некој навистина толку да се шегува со атомско оружје“.
- Кога една земја се снабдува со атомско оружје, тогаш „играта во која и се заканувате станува опасна за целиот свет“, заклучи Рохани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...