Засилени безбедносни мерки во Њујорк

Њујоршката полиција и повеќе американски федерални агенции презедоа засилени безбедносни и сообраќајни мерки во Њујорк во пресрет на денешниот почеток на годишното заседение на Генералното собрание на ОН.

Седиштето на ОН е буквално под опсада на полициските сили во очекување на пристигнувањето на шефовите на држави или влади и други високи претставници на членките на Светската организација.

Улиците во поширокото подрачје околу седиштето на ОН на Ист Ривер се затворени за сообраќај, а воведен е и посебен сообраќаен режим во целиот град.
Низ градот се распоредени дополнителен број полицајци, а за време на целиот период на траење на заседанието, елитниот антитерористички тим на њујоршката полиција ќе биде во состојба на зголемено ниво на готовност.

- Тоа ќе биде како безбедносен „Супер бол“ (финале на американскиот фудбал), изјави викендов портпаролот на њујоршката полиција Питер Доналд.
Њујоршката полиција засега не соопшти колку ќе ја чинат зајакнатите безбедносни мерки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...