Сириски и руски сили бомбардираа две провинции во зоната за деескалација

Бејрут, 18 септември 2017 (МИА) - Припадници на сириските владини сили и нивните руски сојузници денеска бомбардираа две провинции, што се наоѓаат во една од зоните за деескалација во Сирија, како одговор на офанзива на исламиситите, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Исламистичката коалиција Хајат Тахрир ал Шам, чија членка е и поранешниот огранок на Ал Каеда во Сирија и која не е опфатена со договорот за примирје во земјата, започна офанзива против владините сили во провинцијата Хама, при што зазеде две села.
- Како одговор на тоа извршени се воздушни напади врз патишта за снабдување на исламистите во јужниот дел на провинцијата Идлиб и Северна Хама, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.
Според него, во нападите, при кои биле ранети десетици цивили, учествувала и руската авијација.
- Ова се најжестоките напари по прогласувањето на зоните за деескалација, изјави Абдел Рахман.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...