Турција нема да дозволи свршен чин во северен Ирак

Анкара, 19 септември 2017 (МИА) - Турција нема да дозволи свршен чин во северен Ирак, изјави денеска турскиот вицепремиер Бекир Боздаг, притоа најавувајќи дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки против референдумот за независност, што ќе го организира регионалната влада на Ирачки Курдистан на 25 септември.
- Турција нема да дозволи свршен чин во северен Ирак. Светот е против, ние сме против референдум. Арапите и Туркмените го отфрлија, па дури и некои Курди во регионот се против, рече Боздаг на денешната церемонија по повод почетокот на академската учебна година на Универзитетот Бозок во областа Јозгат.
Покрај сериозното спротивставување на светот и на Обединетите Нации, „болниот менталитет“ во северен Ирак, додаде Боздаг, најверојатно е одлучен да свика референдум.
- Изјавувам децидно дека вакви постапки во регионот ќе ја нарушат регионалната безбедност и ќе ги поткопаат мирот и стабилноста. Сите земји во регионот ќе бидат засегнати и никој нема да може да го толерира тоа, додаде Боздаг.
Тој потсети дека Турција досега ја поддржуваше регионалната влада на Ирачки Курдистан и истакна дека Анкара ќе продолжи со ваквата политика, доколку Ербил делува добронамерно.
- Но, ако продолжат да го организираат референдумот и покрај овие предупредувања, тогаш со сигурност ќе биде даден одговор согласно на тоа. Нашиот претседател изјави: Ние ќе имаме седница на Владата веднаш по состанокот на Врховниот воен совет в петок и пред светот ќе ги објавиме нашите најнови постапки, рече Боздаг.
Според него, Турција нема да толерира постапки кои ќе и наштетат на нејзината безбедност и иднина. - За таа цел, ќе ги преземеме сите неопходни мерки и ќе ги примениме решително, истакна Боздаг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...