Во 29 држави во светот има одмазда кон луѓе кои соработувале со ОН

Њујорк, 21 септември 2017 (МИА) – Рекорден број од 29 држави меѓу кои Кина, Иран и Саудиска Арабија минатата година им се одмаздувале на граѓаните кои соработувале во Обединетите нации, објави канцеларијата на ОН за човекови права.
- Тоа биле луѓе жртви на киднапирање, притворани, и исчезнувале, изјави Ендрју Гилмур, помошник на генералниот секретар на ОН за човекови права.
Во извештајот се вели дека девет од вкупно 29 држави од извештајот, се членки на Советот за човекови права на ОН.
Тоа е осми годишен извештај во кој се укажува на одмазда поради соработка со ОН.
– Гротескно и целосно спротивно со Повелбата на ОН, особено на Советот за човекови права, е луѓе да бидат казнувани, да им се закануваат и одмаздуваат поради соработка со ОН за прашања за човекови права, изјави Гилмур.
Ниту една од тие држави не одговорила на забелешките.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...